Хрватска: Мобилна апликација што решава математички задачи со фотографирање

56

Фото:Photomath

Photomath ќе стане првата хрватска мобилна апликација со 100 милиони корисници, што претставува еден од ретките производи од оваа индустрија со таков успех, пишува Poslovni dnevnik. Со ова таа ќе го надмине и Nanobit – најуспешниот хрватски произведувач на мобилни игри.

Првичната идеја за создавањето на Photomath требаше да биде демонстрација на камера-калкулатор и што една таква технологија може да направи во специфично опкружување, како на пример решавање математика. Интересот за Photomath бил толку голем што уште во текот на презентацијата на TechCrunch Disrupt во Лондон имал 110.000 корисници.

Потоа, за еден месец бројот на корисници пораснал на 8,5 милиони, а по половина година Photomath го користеле веќе 15 милиони. Во моментов котира со просечен квартален просек од 15 милиони нови преземања. Најмногу корисници има во САД, Русија, Бразил и Индонезија.

Автор на апликацијата е Дамир Сабол, најуспешниот хрватски страт-ап основач, кој во 2006 година го прададе својот изум на Iskon HT за 16,1 милион долари. Тој уште е познат и по неговата компанија Micro Blink која што ја разви и апликацијата- најбрз мобилен скенер на документи на светот.