Хрватска: Нема исплата на менаџерски бонуси во јавните претпријатија

22

kuni

На менаџерите во јавните претпријатија оваа година нема да им се исплаќа стимулативниот дел од платите за 2013 година, независно од тоа колку успешно работело претпријатието минатата година, одлучи вчера хрватската влада.

Потпретседателот на Владата и министер за регионален развој и фондови на ЕУ, Бранко Грчиќ објаснува дека ваквата одлука е донесена “поради времето во кое живееме”, иако лани јавните претпријатија главно работеле подобро отколку во 2012 година, пишува Пословни дневник.

Од негативната зона излегле 15 претпријатија и во 2013 година влегле во зона на нето добивка во износ од околу 158 милиони евра. Тоа според Грчиќ е показател дека во јавните претпријатија нешто се движи, тие се реструктуираат и се подобрува нивната ефикасност.