Хрватска од почетокот на годинава ја посетиле повеќе од 10 милиони туристи

83

Во Хрватска во првите седум месеци од годинава имало 10,3 милиони пристигнувања и 54,3 милиони ноќевања, односно 60 отсто повеќе пристигнувања и 46 отсто повеќе ноќевања во однос на истиот период лани, соопшти Министерството за туризам и спорт.

Според дестинациите, најмногу ноќевања од почетокот на годината имало во Ровињ (2,4 милиони), Дубровник (2 милиони), Пореч (1,9 милиони), Сплит (1,6 милиони) и Умаг (1,5 милиони).

Гледано по пазар, најголем број ноќевања оствариле странски гости од Германија (11,4 милиони), Словенија (6 милиони), Австрија (4,4 милиони), Полска (3,5 милиони), Чешка (3,5 милиони), Словачка ( 1,9 милиони) и Обединетото Кралство (1,9 милиони). Според видот на сместувањето, најмногу ноќевања имало во објекти за домаќинства (20,2 милиони), хотели (12,2 милиони) и кампови (10,9 милиони).

„По многу добри резултати во првите шест месеци од оваа година, голем интерес за Хрватска беше забележан и во јули, што речиси се изедначи со резултатите од 2019 година, а од некои пазари како Германија, Чешка, Полска, Австрија бевме посетени за дури 215.000 туристи, повеќе отколку во јули 2019 година“, изјави министерката за туризам и спорт Николина Брњац.