Хрватска: Од семки од грозје ќе се произведува масло – вистински хит во светот

411

maslo od grozje

Двете сестри Ана и Ива Чобанковиќ стојат за проектот под името Vinifer, којшто е заснова на темелите гроздоберската историја во Хрватска, пишува Пословни дневник.

“Нашата цел е да го искористиме отпадот којшто се генерира при производството на вино за да може да добиеме ладно цедено масло од семки од грозје. На тој начин ќе добиеме висококвалитетен производ од изворно потекло и дополнителна вредност. Во целост ќе ги искористиме суровините, бидејќи нема да создаваме дополнителен отпад, туку ќе го користиме како енергенс во процесот на производство на маслото“, велат сестрите Чобанковиќ.

Нивното семејство веќе 15 години се занимава со производство на вино, па сосема е нормално што се свесни за отпадот што останува по преработката на грозјето.

“Во отпадот од грозјето препознавме поголема вредност и откривме дека од тоа може да направиме масло, различни екстракти од одредени компоненти“, додаваат двете сестри.

Тие истакнуваат дека ладното цедено масло од семки од грозје има големо поволно влијание на здравјето, помага при дијабетес, зголемен крвен притисок, висок холестерол, но и други болести. Во последните неколку години, ова масло е вистински хит во прехранбената и козметичката индустрија, посебно во Америка и Европа.