Хрватска: Од септември станбени кредити само во куни и евра

29

kuni

Хрватскиот министер за финансии, Борис Лаловац, најави дека по новиот Закон за станбено кредитирање, од септември ќе можат да се земаат кредити само во куни и евра, а до декември ќе се реши проблемот со кредитите во швајцарски франци, но и во евра.

“Повеќе ќе нема егзотични валути како франкот. Со закон ќе решиме и како се одредува вредност на недвижност, нема повеќе да се плаќа поголем курсен ризик затоа што корисниците не можат главницата да ја покријат со недвижнина. Што се однесува до проблемите со актуелните кредити, мора да се грижиме за сите, па и за оние задолжени во евра, не само во франци. Ова мора да биде решено со еден закон. Нема веќе место за должничко ропство”, изјавил Лаловац во емисија Вето на Јабука ТВ, пишува Банка.хр.