Хрватска почна да го блокира рускиот имот: Запленети вили и шуми

53

Хрватска почна да го блокира имотот на санкционираните Руси.

Запленети се вили и шуми во сопственост на руски државјани, а блокиран е бизнисот на нивните фирми, пишува Вечерњи лист.

Во согласност со европските санкции против Русија, Хрватска го блокираше имотот на сопругата и сестрата на Алишер Усманов, еден од најбогатите Руси.

Хрватските власти најверојатно лоцирале руски имот врз основа на пишувањето на порталот Остро, кој учествува во меѓународниот новинарски проект Russian Asset Tracker, кој открива и евидентира имот на луѓе блиски до Владимир Путин.

Освен блокадата на тие имоти покрај морето  кои се поврзани со олигархот Усманов, Вечерњи лист наведува и докази за блокадата на вилата во Мали Лошињ, која е во сопственост на фирма во сопственост на еден од водечките луѓе Маја Токарева, ќерка на Николај Токарев, претседател на Транснефт, кој исто така е под санкции на Европската Унија.