Хрватска: Просечната нето плата во декември изнесуваше 1.494 евра

Просечната месечна нето плата по вработен  во Хрватска за декември изнесуваше 1.494 евра, што е номинално повисока за 9,8 проценти и за 6,3 проценти повисока во реалност, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) објавени во петок.

Во однос на платата за ноември, таа беше номинално пониска за 0,3 проценти, а во реалност повисока за 0,1 процент.

Највисока просечна месечна нето плата е исплатена во производството на кокс и рафинирани нафтени производи, во износ од 2.835 евра, а најниска во производството на облека, 942 евра.

Просечната месечна бруто плата за декември изнесувала 2.087 евра, што е номинално за 0,3 проценти помалку од ноември, а 0,1 процент повеќе во реалност.

За една година, објавува Hina, таа номинално се зголемила за 11,2 проценти, а во реалност за 7,6 проценти.

Како и кај нето платите, највисок приход од 4.321 евра е забележан во производството на кокс и рафинирани нафтени производи, 4.321 евра, а најнизок во производството на облека, 1.238 евра.