Хрватска развива роботи против коронавирус

43

Хрватската компанија за производство на автономни роботи, Gideon brothers, сака да произведува роботи за дезинфекција на болници, пишува Пословни дневник.

Од компанијата наведува три концепти на роботи: првиот има УВ ламба за дезинфекција на затворени простории, вториот може да пренесува различни производи, додека третиот може да распрскува средства за дезинфекција.

“Во следните месеци, на хрватските болници, училишта, трговски центри, супермаркети, хотели, складишта, фабрики и други јавни и приватни средини ќе можеме да им помогнеме со автономни мобилни роботи за: дезинфекција на простории, превоз на производи и намирници и детекција на зголемена температура кај луѓето“, вели Матија Копиќ, коосновач и директор на Gideon brothers.

Фото: Facebook