Хрватска се соочува со недостиг на гориво

74

Хрватската компанија Петрол предупреди на недостиг на дизел и бензин на пазарот поради ембаргото на ЕУ за руската нафта.
– Поради непредвидливоста на пазарот на нафтени деривати, во моментов се наоѓаме во предизвикувачки период. На дополнителната динамичност на пазарот, која се одразува со порастот на откупните цени на нафтените деривати, влијае и ембаргото за увоз на нафта и нафтени деривати со потекло од Русија, наведуваат од компанијата.

Додаваат дека поради ембаргото на ЕУ се очекуваат дополнителни прекини во снабдувањето и дополнителен притисок врз малопродажните цени, пишува Poslovni.hr.

– Во вакви услови (во кои е ограничена понудата на гориво), државното ценовно ограничување вештачки поттикнува поголема побарувачка, а со тоа и повисоки цени кога повторно ќе престанат да се ограничуваат. Сметаме дека субвенциите се најсоодветни државни мерки на начин кој нема да ги поткопува постоечките даноци. Поради големата нестабилност би било потребно и прилагодување на цените неделно, а не на секои 14 дена – велат од Петрол.