Хрватска воведува нова туристичка категорија – тематски плажи

12

Beach toys

Хрватскиот министер за туризам, Дарко Лоренцин, вчера ја претстави Националната програма за управување и уредување на морските плажи, која пред сè се темели на тематизација на морските плажи со цел подобра валоризација на просторот и зголемена активност на самата дестинација.

Во програмата ќе учествуваат сите крајбрежни жупании. Проектот ќе трае две години, а хрватските плажи ќе бидат поделени во 14 категории, со што гостите ќе можат да си изберат место според своите афинитети и според содржините, пишуваат хрватските медиуми.

Во иднина, плажите ќе бидат поделени на плажи за фамилии со деца, урбани плажи, плажи со забавни содржини за млади, романтични плажи, плажи со спортски и рекреативни содржини, за сурфери, за нуркање, адреналински, нудистички, за забави, за кучиња, еко плажи, плажи на култура и хотелски плажи.

Секоја локална заедница сама ќе одлучува која од овие категории ќе ги развива на своето подрачје.