Приходите од странски туристи во првата половина од годинава изнесуваат 3,85 милијарди евра, што е за 21,4 отсто или 678 милиони евра повеќе во споредба со истиот период лани, објави Министерството за туризам и спорт на податоците на Хрватската народна банка (ХНБ).
Според податоците на ХНБ, во вториот квартал приходите од странски туристи изнесуваат 3,18 милијарди евра, што претставува зголемување од 18,4 отсто во однос на истиот период од 2022 година, односно за 494,2 милиони евра повеќе.
Севкупно, во првата половина од 2023 година, приходите од странски туристи изнесуваат 3,85 милијарди евра или 21,4 отсто повеќе во споредба со истиот период во 2022 година.
„По рекордната 2022 година по приходи од странски туристи, во 2023 година бележиме уште подобри резултати. Хрватска направи голем скок во квалитетот и стана препознаена како посакувана туристичка дестинација надвор од летните месеци“, изјави министерката за туризам и спорт Николина Брњац.
Таа им се заблагодари на сите вработени во туристичкиот сектор за нивните напори и посветеност.
Владата разви структуриран дијалог и партнерство со засегнатите страни во туризмот и ќе продолжиме да го поддржуваме квалитетниот развој на хрватскиот туризам, рече Брњац.