Хрватската Даночна управа нема да казнува прекршување на Законот за фискализација во поплавените подрачја

19

kasa smetka

Даночната управа при хрватското министерство за финансии соопшти дека на местата погодени со поплавите нема да ги санкционира граѓаните кои не се придржуваат до Законот за фискализација.

“Согласно со потешкотиите предизвикани од поплавите во последните неколку дена, ги информираме даночните обврзници дека Министерството за финансии – Даночната управа, нема да презема законски мерки поради прекршочни постапки за неизвршување на Законот за фискализација во промет со готовина, кај даночни обврзници во подрачја на градови и општини каде поплавите предизвикаа неможност за редовно функционирање”, стои во соопштението, пренесуваат хрватските медиуми.