Хрватската пошта отпушта 1100 работници

29

hr_posta9_0_0_468X10000Во првите пет месеци од годинава хрватската пошта остварила губиток од 29 милиони куни, a до крајот на годинава тој се очекува да порасне на 60 милиони куни.

Продажбата на недвижнини, а не разнесувањето на писма, резултира со профит, пишува Јутарњи лист, додавајќи дека до крајот на годинава поштата ќе отпушти 1100 работници, а 800 уште од овој месец.

Во Хрватска моментално има 1031 поштенска експозитура, а законски би требало да 715. Дури 70% од трошоците отпаѓа на вработените.