Хрватската влада ќе им ги крати платите на менаџерите за 6%

13

kuniПрвите луѓе на хрватските јавни претпријатија наскоро ќе добијат нови конкретни задачи за заштеда, пишува Пословни дневник. Во планот на управување со државен имот за 2014 година, кој треба да биде усвоен со половина година доцнење, за 27 трговски друштва и правни лица на листата се поставени девет цели за управување со кои се доведуваат во ред материјалните трошоци на компаниите.

Вкупните трошоци за плати во јавните системи, меѓу кои се Хрватски автопатишта, Хрватски железници, Хрватско електростопанство, Јанаф, Хрватски шуми, Лотарија, Хрватска банка за обнова и развој и други, во кои работат скоро 40.000 работници, треба да се намалат за 2% во споредба со минатата година. Менаџерските плати во 27-те компании што се на листата ќе треба да се намалат за 6%.