Хрватски Франк заинтересиран за словенечко Жито, бара партнери

29

zito slovenija

Словенечката прехранбена компанија Жито продава мнозински удел, а меѓу потенцијалните купувачи се споменуваат и неколку хрватски компании, пишува хрватски Лидер.

Интерес за учество во процесот постои и кај компанијата Франк, но како член на конзорциум на понудувачи, ако најдат партнери, велат од Франк за хрватски Лидер.

Франк не е заинтересиран за самостојно преземање на Жито, но би бил дел од конзорциум инвеститори кои би презеле поголем дел од бизнисот на оваа словенечка компанија. Договорени се и некои разговори на оваа тема, но во Франк не откриваат детали ниту имиња.

Словенечкиот државен холдинг (СДХ) и уште шест фондови здружени во продажен конзорциум, во септември ја отворија првата фаза за продажба на 51,55% акции во Жито.

Жито е една од 15-те компании кои словенечката влада ги стави на листата за продажба. Жито е еден од најголемите произведувачи на прехранбени производи во Словенија и регионот, со продукти во палетата пекарски производи, смрзната храна, кондиторски производи (Горењка, Шуми), зачини (Маестро) и други производи.

Досега имаше неколку неуспешни обиди за продажба на Жито.