Водечката ИТ компанија од Хрватска, Infobip, објави дека ја презема ирската компанија Anam Technologies, којашто е водечка во SMS firewall услуги. Infobip и Anam заедно ќе можат да даваат технички решенија за повеќе од 700 мобилни оператори на глобално ниво, покривајќи 64% од мобилните уреди во светот, пренесува ХРТ.
Вредноста на аквизицијата не се открива, само се знае дека плаќањето е извршено како комбинација на готовина и акции на Infobip.
Деловните корисници на двете компании ќе имаат на располагање уште поквалитетна и сеопфатна понуда, вклучувајќи постојана стручна поддршка, детална аналитика и прецизно информирање, со поголем број директни конекции кон мобилните оператори ширум светот.
На крајот на минатата година, Infobip ја презеде американската компанија Amdocs за 300 милиони долари.
Хрватската ИТ компанија во 2006-та година почна како мал старт – ап од Истра. Причина за планетарниот успех на Infobip е комуникациската платформа и услуги за деловни корисници што може да допрат до скоро седум милијарди корисници во повеќе од 190 земји во светот, овозможувајќи мобилна комуникација без никакви пречки на деловните субјекти со нивните крајни потрошувачи.
Фото: Pexels