Компаниите што се во рамки на Групацијата Агрокор добиваат нови имиња, односно добиваат уште еден збор – Плус, па така Конзум ќе работи под името Конзум Плус, Јамница под името Јамница Плус и слично, соопшти вонредната управа на Агрокор.
“Со спроведување на Трговскиот суд во Загреб, стана официјална информацијата според којашто сите идни компании на Групацијата Агрокор, освен Агрокор д.д., коишто досега беа регистрирани како компании под генерички имиња со крајот на годината и официјално добиваат нови имиња“, стои во соопштението.
Се задржуваат старите имиња во новите називи на компаниите заради, како што се наведува, зачувување на вредноста на брендовите на овие фирми. Во преодната фаза, седиштата на сите нови компании ќе бидат во Загреб, а по имплементација на договорот со доверителите, ќе бидат вратени во градовите во Хрватска каде што се наоѓаат сега.
За разлика од овие компании, главната компанија Агрокор до крајот на месецот ќе добие целосно ново име и повеќе нема да може да го користи називот Агрокор.