Хрватски научници открија биомаркери што можат да предвидат дијабетес

31

mikroskop-pixabay

Фото: Pixabay

Научници од Фармацевтско – биохемискиот факултет од Хрватска и компанијата Генос предводеа големо истражување во кое што се анализираат гликани поврзани со протеините во крвната плазма кај повеќе од 1.500 лица со дијабетес, по што е утврдено дека биомаркерите може да идентификуваат лица со висок ризик за развој на дијабетес, пишува хрватски Лидер.

“Гликаните имаат голем дијагностички потенцијал, но поради нивната сложена структура сè уште не се доволно истражени“, вели Олга Горник, професорка на Фармацевтско – биохемискиот факултет.

Промените во гликаните се јавуваат многу порано пред да се појават првите симптоми на болеста, што овозможува многу рана дијагностика и превентивно делување.