Хрватски научници развија брз и прецизен тест на антитела од само два долари

58

Тим на хрватскиот академик, Игор Штаглар, кој разви и претстави нов, побрз, попрецизен и поевтин серолошки тест за антитела против коронавирус.

Со овој тест, под името SATiN, брзо и точно, со минимални трошоци може да се следи нивото на антитела во крвта на лицето кое веќе е вакцинирано од некоја од веќе одобрените вакцини, за да може пандемијата да се задржи под контрола, сè додека не се достигне колективен имунитет.

Тестот е направен на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Торонто, каде што има 13 млади научници од Кина, Иран, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Русија, Романија, Јужна Кореја, Шри Ланка и Канада. Поголемиот дел од нив својот научен пат го почнале во местото каде што се родени, а потоа побарале простор за усовршување на одделот за биохемија и медицинска генетика на Медицинскиот факултет во Торонто.

На пазарот веќе има 20-тина одобрени серолошки тестови што детектираат антитела на коронавирус, но SATiN е многу побрз, бидејќи му треба помалку од еден час од една капка крв да детектира дали има антитела и во колкава количина. Стандардното тестирање трае повеќе и подолго, околу шест часа, но е и поскапо. Просечната цена на SATiN тестот е два долари, додека останатите на пазарот чинат околу 25 долари, пренесуваат хрватските медиуми.

Фото: Pexels