Хрватски остров на првото место на листата со европски дестинации за посета во 2024 година

Магазинот „Форбс“ објави листа со европски дестинации кои треба да се посетат во 2024 година, а првото место го зазеде хрватски остров.

Станува збор за Хвар. Опишан е како најсоодветен за туристите бидејќи на Хвар секој може да најде нешто за себе. Има добри ресторани, бурен ноќен живот, велнес-центри… На оние што не се заинтересирани за бучава и метеж, им се препорачува да се упатат кон внатрешноста на островот и да ги посетат лозјата и полињата со лаванда.

Понатаму се наведува дека до Хвар може да се стигне со траект или катамаран од копното на Хрватска и со редовни автобуски линии од Сплит, Дубровник и други крајбрежни градови. Хвар е најдобро да се посети во мај и јуни, како и септември и октомври. Времето е топло, а островот е помалку полн, за разлика од летните месеци.

На второ место се Надворешни Хебриди. Тоа е архипелаг кој се наоѓа западно од брегот на копното на Шкотска.
На трето место е островот наречен Стромболи, кој се наоѓа во Италија. Овој остров е всушност вулкански конус.