Хрватски старт-ап: Паметен велосипед со цена до скоро 5.000 евра

69

1

Visiobike е дело на младиот иноватор Марко Матенда, електричен велосипед со рамка од карбонски влакна кој е интегриран со паметен телефон. Велосипедот има интегриран GPS систем и камера, а неговата специфичност е тоа што проценува колку брзо вози возачот и дали му треба помош. Со други зборови, ако некој вози по нагорнина и едвај ги врти педалите, велосипедот ќе процени дека треба да се вклучи и да му олесни на возачот, што, на пример, по надолнина не е потребно.

На екранот на телефонот, поставен кај рачките, можат да се следат информации како моменталната брзина на велосипедот и состојбата на батеријата. Под седиштето се наоѓа камера, која служи како ретровизор и на возачот на екранот на мобилниот телефон му покажува како изгледа патот зад него.

2

Велосипедот може да достигне брзина до 45 km/h со мотор од 500 W, односно 25 km/h со мотор од 250 W. Со едно полнење на батеријата може да помине и до 120 километри. Цената на велосипедот, кога ќе се појави во продажба, ќе чини од 3.900 до 4.950 евра, во зависност од опремата и спецификациите, пишува Пословни дневник.

За заштита од крадење, Visiobike е опремен со автоматска хардверска брава на задното тркало, сензор на движење, код за отклучување без кој е невозможно да се користи е-функционалност, а сопственикот преку СМС ќе биде информиран за локацијата на велосипедот.

4

Велосипедот ќе се произведува во Хрватска – рамката од карбонски влакна во еден мал погон во близина на Загреб, а за електрониката ќе се погрижат Марко и неговиот тим. Велосипедот ќе тежи околу 20 килограми.

Матенда овој старт-ап почнал да го развива на крајот на 2010 година, а неодамна својот изум го претстави во Сан Франциско, каде привлече огромно внимание. Екипата зад Visiobike одлучи да побара финансии преку crowdfunding платформата Indiegogo. Целта им е да соберат 180.000 евра за 40 дена.