Хрватски старт – ап разви револуционерна технологија во текстилната индустрија

20

hr

Зоран Сушањ и Саша Миклошиќ од Копривница, Хрватска, развија Nanodiy технологија за печатење фотографии на ткаенина. Тие измислија Nanodiy боја, посебна хартија и стабилизатор. Целата постапка на печатење на сликата трае само неколку секунди, најмногу до една минута.

Изработката на принт со Nanodiy технологија е прилично едноставна. Прво се става Nanodiy боја во печатачот, потоа фотографијата се печати на специјална Nanodiy хартија, па се нанесува тенок слој Nanodiy стабилизатор. Во допир со стабилизаторот на боја и под дејство на температура, врзувачките средства што се во бојата се активираат и го врзуваат пигментот на боја на подлогата на којашто се аплицираат.

Технологијата Nanodiy е многу поевтина од класичната. Сушањ и Миклошиќ веќе продаваат во седум европски земји, а планираат да ги освојат скандинавскиот и азискиот пазар. Нивниот изум веќе сега е мала револуција во овој дел од текстилната индустрија, пренесува ХРТ.