Хрватски Телеком влегува во бизнис со струја и гас

19

HTХрватски Телеком влегува на пазарот на електрична енергија и гас, стои во повикот за главното собрание на ХТ кое ќе се одржи на 17 јуни во Загреб, пренесуваат хрватските медиуми.

За ова досега само се нагаѓаше, а сега е и официјално, затоа што Управата и Надзорниот одбор му предлагаат на Собранието да се гласа за измена и дополнување на статусот на ХТ, за да се додадат нови дејности. Меѓу новите дејности се производство, пренос и трговија на електрична енергија и гас, посредување и застапување на пазарот на гас, набавка на гас, проектирање на системи за производство на енергија од обновливи извори. Тука се и новите услуги на платежни трансакции на кредитни трансфери, како и подготовка на храна и пијалоци.

Собранието ќе гласа и за распределба на добивката од 2012 година во износ од 221.000 евра, од кои 219.600 евра ќе одат за исплаќање на дивиденди.