Хрватскиот БДП порасна за 15,8% во третиот квартал

71

Благодарение најмногу на растот на потрошувачката, увозот, извозот и инвестициите, хрватската економија во третиот квартал порасна за 15,8 отсто на годишно ниво, што е втор квартал по ред како цврсто закрепнува од корона кризата.

Државниот завод за статистика на Хрватска ја објави првата проценка дека бруто домашниот производ (БДП) пораснал за 15,8 отсто минатиот квартал во однос на истиот период минатата година.

Тоа е втор најголем скок на економијата, по рекордниот раст од 16,5 отсто во претходниот квартал, што покажува дека економијата е цврсто на пат да закрепне од кризата со корона, при што БДП имаше пад четири последователни квартали.

Според сезонски прилагодените податоци на ДЗС, хрватската економија во третиот квартал пораснала за 15,5 отсто на годишно ниво, додека на квартална основа зајакнала за 2,7 отсто. Ова е побрз раст од просекот на Европската унија.