Хрватскиот ИТ сектор се соочува со дефицит на кадар

52

it

Здружението на хрватски извозници на софтвер веќе некое време предупредува на проблемот недостаток на кадар. Минатата година во нивната индустрија бројот на вработени пораснал за 2.000, од факултетите кои образуваат таков кадар излегле околу 1.000, а петтина од нив заминале од земјата, претежно во Германија и Ирска, пишува Пословни дневник.

Според претседателот на здружанието, Томислав Покрајчиќ, освен проблемот со потенцијалните вработени на пазарот, фирмите се борат и со задржување на најквалитетните работници. Земајќи ја во предвид отвореноста на границите за миграција на работната сила и фактот дека на ниво на ЕУ се проценува дефицит од околу 800.000 ИТ професионалци, на хрватските фирми ќе им биде сè потешко да градат и да задржуваат компетенција и конкурентност.

Со сличен проблем се соочува и Бугарија. Поради недостаток на кадар, секој втор работодавач во Бугарија има проблем со пополнување на работните места. Најголеми тешкотии за наоѓање вработени имаат фирмите што бараат кадри на позициите за инженери, квалификувани работници, менаџери и ИТ персонал. Истите позиции беа дефицитарни и во 2014 година.