Хрватскиот крал на дрвната индустрија им ја подари компанијата на вработените

39

Хрватскиот бизнисмен и поранешниот градоначалник на Чабар, Маријан Филиповиќ, пријатно ги изненади своите вработени и пошироката јавност со несекојдневен потег. Тој на своите 400 вработени им ја подари дрвопреработувачката компанија Финвест.

“Донесов одлука поголемиот дел од мојот личен имот да го оставам на претходно формираната фондација Маријан Филиповиќ. Се што сум стекнал со своите соработници во изминатите 60 години, сакам да им го вратам на жителите на чабарскиот крај преку оваа фондација како функционална и претприемничка организација чија добивка ќе биде користена во развојот на овој крај. Верувам дека моите деца и нивните наследници ќе бидат горди на овој мој чин, затоа што ќе бидат обезбедени со предвремена отпремнина што ја заслужуваат и со која во иднина ќе го пронајдат својот пат и ќе ги остварат своите лични и деловни цели. Секој може да прави онака како што одлучил во срцето. Јас одлучив вака затоа што тоа ме прави среќен. Сметам дека најголемата среќа е во делењето, затоа што она што е мое можам да го поделам со другите, а со тоа никому да не му наштетам”, вели Филиповиќ.

Со овој негов потег, 400 вработени и нивните семејства веќе не мораат да се плашат за својата иднина. Во разговор за ХРТ, Филиповиќ објаснува дека се остава на фондацијата формирана пред осум години, во која вложил милион евра за стипендирање на студенти и на социјално загрозени на подрачјето на град Чабар.

“Па гледајте, децата ми се обезбедени, а остатокот го подарувам затоа што сметам дека тоа ќе заживее, а во фондацијата веќе имам чесни и морални луѓе кои верувам дека ќе ја водат и после мене. Тоа ќе им биде пример и на оние што се многу побогати од мене”, вели Филиповиќ.

d_kosturi-2

Кралот на дрвната индустрија, како што го нарекуваат во Хрватска, смета дека успешни фирми се оние кои редовно ги исплаќаат платите и никогаш не биле блокирани.

“Хрватскиот проблем е во тоа што никој не сака да влезе во вистинско производство, туку се занимаваат со трговија и со финансиски инженеринг којшто и не доведе во оваа ситуација”, вели Филиповиќ.

Тој на сегашните и идни претприемачи им порачува дека за успех е потребна визија, упорност, упорност и упорност.

Никогаш не живеел раскошно и растрошно

mfМаријан Филиповиќ е најбогатиот претприемач во Горски Котар, а сигурно е и меѓу 50 најбогати Хрвати. Тој на 17 години, со три коњи дошол од родниот Травник, БиХ, во Чабар во потрага по работа.

“Цели седум дена патував пешки од Травник до Горски Котар. Додека останатите носеа дрва на грб, јас со своите коњи изнесував по половина метар дрва. Добро заработував, а за две години работа набавив 60 коњи со самари со кои го развивав бизнисот”, ја раскажува Филиповиќ својата животна приказна.

Заработката ја инвестирал во работата и прв купил трактори и градежна механизација, со која ги заменил коњите. Најголем бизнис бум направил во 1993 година кога ја купил фирмата Горанпродукт од Чабар за тогашни 12 милиони марки. Тоа била една од најуспешните приватизации, затоа што Филиповиќ ја платил фирмата во готови пари. Некој не добил отказ, а новиот сопственик вработувал млади и образовани луѓе и инвестирал во модернизација на погоните. Преку 50% од населението во Чабар работело кај него, а во цела Хрватска вработувал 600 луѓе и уште толку во Босна и Херцеговина. Своите производи од дрво ги извезувал за Германија.

Филиповиќ никогаш не го криел своето богатство. Меѓу првите купил приватен хеликоптер, но никогаш не живеел живот на растрошен тајкун, туку на скромен деловен човек кој внимава на што ги троши парите. За 11 милиони евра го купува претпријатието Хотели Њивице. По три години негово управување, вредноста на истите хотели е најмалку 50 милиони евра.

Пред неколку години Маријан Филиповиќ му го препуштил управувањето на компанијата на синот Марин, но летово го сменил затоа што не бил задоволен од тоа како работи. Сега Марин веќе нема никаква врска со бизнисот на татко му, а нов претседател на управата на Финвест е актуелниот градоначалник на Чабар, Жељко Ерент.

Во иднина, Филиповиќ, како што вели, ќе му се посвети на овоштарникот во Цетинград, што самиот го подигнал.

Фото: Finvest