Хрватската старт – ап компанија Агриви, со седиште во Лондон, објави дека потпиша договор за дистрибуција на софтвер за управување со земјоделско производство со нигериската компанијата Goldbridge Development Company.
Со експанзијата во Нигерија, Агриви планира да им пружи поддршка на нигериските земјоделци во зголемување на продуктивноста и профитабилноста на земјоделското производство, пренесува Бизнис.хр.
Со помош на базата на знаење за земјоделските процеси за повеќе од 60 различни култури, земјоделците ги планираат и ги следат сите активности и трошоци на производството, а со помош на напредни извештаи и анализи носат одлуки базирани на реални податоци за да го унапредат производството.
Системот на Агриви за управување со земјоделско производство ги детектира можностите за појава на болести и штетници за секое земјоделско земјиште и ги предупредува земјоделците навремено да реагираат и да ги преземат потребните мерки за заштита. Неодамна овој старт – ап лансираше поддршка на 11 различни јазици, со што стана достапен за земјоделците во 130 земји. Главната цел на овој старт – ап е експанзија на светскиот пазар.
Нигерија е втора најсилна економија во Африка и е земја во која над 60% од населението се занимава со земјоделство.
Дури 94% од вкупно 28 милиони земјоделски производители се мали произведувачи кои обработуваат помалку од 10 хектари, додека преостанатиот дел, 1,7 милиони се производители од средна големина.