HSBC изненади со раст на профитот од 74 проценти во третиот квартал

27

Британската банка HSBC  објави зголемување од 74% на приходите во третиот квартал, бидејќи се намали загриженоста за лош заем поврзан со пандемијата, а банката објави откуп на акции од 2 милијарди долари.

Меѓутоа, HSBC рече дека проекциите за трошоците за 2022 година се зголемија на 32 милијарди долари од 31 милијарда долари, поради инфлаторните притисоци.

„Иако одржуваме претпазлив став кон надворешното ризично опкружување, веруваме дека негативните квартали се зад нас“, рече извршниот директор Нил Квин во понеделникот.

Банката објави профит пред оданочување од 5,4 милијарди американски долари за третиот квартал, наспроти 3,1 милијарди долари претходната година. HSBC обезбеди 700 милиони долари во готовина во случај да се зголемат лошите заеми поврзани со пандемијата.