Британската банкарска групација HSBC во последните две години отпушти скоро 30.000 работници, а ќе се делат уште откази.
На крајот на 2011 година банката имаше 296.000 вработени, а во септември годинава тој број падна на 266.700. Само годинава се поделени околу 21.000 откази.
Извршниот директор на HSBC Стјуарт Гуливер изјави дека очекува нови отпуштања во 2013 година за да се подобри ефикасноста на трошоците.