HSBC со извинување во британските весници

23

An HSBC bank branch logo is seen in central London

Британската банкарска групација HSBC им се извини на клиентите и инвеститорите за работата на банката во Швајцарија, која беше обвинета дека им помага на клиентите да затајуваат данок, пишува Ројтерс.

hsbc-paper-apology-

На една цела страница во британските весници, најголемата банка во Европа го понуди своето најискрено извинување за она што го правела банката во Швајцарија. HSBC го призна големиот неуспех поврзан со контролата на работата на банката во Швајцарија, по извештаите во медиумите каде се вели дека банката им помогнала на богати клиенти да затајат данок во висина од неколку милиони долари до 2007 година.

“Токму затоа ние го нудиме нашето искрено извинување. Тоа се однесува на нашите клиенти, акционери и колеги“, стои во текстот потпишан од страна на извршниот директор на банката, Стјуарт Гуливер.