Huawei го претстави првиот уред со новиот оперативен систем

64

Кинеската ИТ компанија, Huawei, го претстави првиот производ во којшто е вграден неговиот оперативен систем – Harmony OS. Станува збор за TV Honor Vision, телевизор со интернет конекција, пишува CNBC.

Овој телевизор од 55 инчи ќе се продава по цена од 538 долари, што ќе биде достапен на пазарот од 15-ти овој месец.

На деветти август, компанијата го претстави новиот оперативен систем, HarmonyOS, што го создаде откако американските власти ја ставија компанијата на црната листа.

Фото: Facebook