Huawei го пушти во продажба телефонот на склопување Mate X, но само во Кина

23

Новиот телефон на Huawei, Mate X, за кратко беше пуштен на продажба во Кина.

Уредот се продаваше по цена од 16.999 јуани (2.424 долари) на онлајн продавницата на компанијата, и според нив, истиот се продал за само неколку минути, пишува BBC.

Фановите на брендот кои не успеале да купат Mate X, ќе имаат уште една шанса на 22-ри ноември, кога ќе биде пуштена втората серија.

Според Huawei, секој што ќе купи еден од овие телефони ќе добие 50% попуст на сите поправки или замени на екранот.

Mate X, којшто е со 5G технологија, има големина на екран од 8 инчи кога е отворен. Кога е склопен има два екрани со големина од 6,8 односно, 6,6 инчи.

Од Huawei не даваат точен број на продадени телефони, а за достапност во други земји освен Кина, од компанијата велат дека и тоа ќе се случи “во еден момент“.

Фото: Facebook