Huawei ја разгледува можноста да отвори ИТ центар во Србија

18

Huawei-logo

Кинеската компанија Huawei ја разгледува можноста да отвори ИТ центар во Србија. Ова е разговарано вчера на состанокот меѓу претседателот на Србија Томислав Николиќ и потпретседателот на Huawei, Ванг Чендонг.

Според Николиќ, за Huawei би било интересно да размисли за изградба на свој ИТ центар на територијата на Србија, која за тоа има можности и кадар, а Ванг неговиот предлог го оценил како идеја за која компанијата веќе некое време сериозно размислува, пишува еКапија.

Huawei е еден од најголемите произведувачи на телекомуникациска опрема во светот, со околу 170.000 вработени.