Huawei ќе ја развива својата 5G технологија во Русија

25

Huawei потпиша договор за соработка со руската телекомуникациска фирма MTS, чијашто цел ќе биде развивање на 5G технологијата во Русија, пишува BBC.

Компанијата таму ќе работи на следната генерација на 5G мрежи во текот на 2019 и 2020 година.

Новиот договор ќе биде мало олеснување за вториот најголем производител на смартфони во светот којшто последниве неколку месеци наидува на трговска блокада од страна на САД и неколку други земји како Нов Зеланд и Австралија.

Фото: Pixabay