Huawei претстави линија на паметни очила

47

Кинескиот гигант Huawei претстави линија на паметни очила во партнерство со корејскиот бренд за луксузни очила Gentle Monster.

Тие немаат камери и изгледаат како обични очила, а акцентот е ставен на модниот елемент, пишува The Verge.

Корисниците за да одговорат на повици и да пристапат до гласовниот асистент го допираат само надворешниот дел на рачките. Очилата се водоотпорни и не привлекуваат прашина. Се полнат безжично преку футролата во којашто се сместени, благодарение на батерија со јачина од  2.200mAh, или преку USB-C влез.

Од компанијата немаат соопштено цена за новиот производ, но се знае дека очилата ќе ги има во неколку верзии на пазарот, почнувајќи од јуни или јули годинава.

Фото: Youtube