Huawei продаде 200 милиони паметни телефони во 2018 година

20

Фото: Pexels

Најголемата приватна компанија во Кина, Huawei, забележа рекордна продажба на смартфони во годината што изминува, пишува Washington Post.

Компанијата, што воедно е и најголем снабдувач на телекомуникациски уреди во светот, во 2018 испорачала над 200 милиони уреди.

Huawei е моментално е на второто место по производство на паметни телефони, а оттаму велат дека нивната испорака пораснала за 30% споредено со минатата година.

Годинава кинескиот гигант го надмина и Apple по бројот на продадени смартфони и со тоа се најде на второ место, веднаш зад Samsung.

И покрај контроверзната година и блокадата од страна на неколку земји предводени од САД, Huawei оствари значителен раст. Според компанијата, рекордните бројки најмногу се должат на побарувачката на P20, Honor 10 и Mate 20 паметните телефони.