Huawei со рекорден пад на приходите во првите шест месеци

52

Кинескиот технолошки гигант, Huawei оствари рекорден пад на приходите во првата половина од оваа година, за скоро 30% во однос на лани, под влијание на американските санкции што предизвикаа пад на продажбата на мобилни телефони.

Компанијата во првите шест месеци од оваа година генерираше 49,56 милијарди долари приходи или 29% помалку од лани.

Најголем пад на приходите е забележан кај потрошувачката електроника, што вклучува мобилни телефони, каде приходите се намалени во однос на една година претходно за 47%.

Сепак, благодарение на подобрената ефикасност, нето профитната маржа во тој период е зголемена за 0,6 процентни поени на 9,8%.

Фото: Pixabay