Еден од главните спонзори на Новак Ѓоковиќ, изјави дека ќе остане со најдобриот тенисер на светот, но дека очекува објаснување од најдобриот тенисер на светот по неговото депортирање од Австралија.
Станува збор за швајцарската компанија за производство на часовници „Hublot“, во која сметаат дека вакцинацијата е личен избор на секој човек.
Некои од спонзорите на Ѓоковиќ беа вознемирени по одлуката на австралиските власти да го депортираат Новак и да му забранат настап на Австралија опен, прашувајќи се дали се заинтересирани за соработка со невакцинираниот светски рекет број еден.
Сепак, се чини дека „Hublot“ останува со Ѓоковиќ, судејќи по изјавата на генералниот директор Рикардо Гвадалупе.
– Очекуваме да го слушнеме неговото објаснување за се што се случи. Вакцинацијата е приватна работа за секого и ние ја цениме личната слобода. Секој има право на избор, некој може да биде против, тоа е нашето мислење – изјави Гвадалупе.
Целата сага околу Ѓоковиќ покрена дилема кај спонзорите, кои мора да најдат баланс помеѓу почитувањето на личната слобода на тенисерите, но и расположението на јавноста.
Директорот Гвадалупе очекува Новак да се огласи по Австралија опен, на 30 јануари.
– Дури тогаш ќе го дефинираме нашиот став – заклучи тој.
„Hublot“, кој исто така спонзорира спортски великани како Пеле, Мбапе и Усеин Болт, минатиот август го вклучи Ѓоковиќ во „живите легенди“.
Според „Форбс“, Србинот минатата сезона од спонзори заработил 30 милиони долари (околу 26,5 милиони евра).