Хуманитарна акција на OKTA и Црвениот крст на Скопје

44

images (1)Здружението на жени кои функционираат во рамките на компанијата ОКТА, во соработка со Црвениот крст на Скопје, поттикнаа хуманитарна акција. Вработените во рафинеријата, заедно со своите семејства, следните неколку дена ќе донираат облека, обувки, постелнина, книги, покуќнина, детски играчки и слично.

Собраните работи ќе бидат доставени во Црвениот крст на Скопје, од каде ќе бидат дистрибуирани таму каде што е потребно.

“Активното учество на вработените во оваа акција претставува значаен придонес во напорите на ОКТА за создавање на подобар свет. Големиот одзив на вработените е најдобар доказ за постоењето на хуманост, взаемност и солидарност, како и силна желба за пружање помош и поддршка на најранливите категории граѓани. Се надеваме дека оваа хуманитарна акција ќе влијае во подигнувањето на јавната свест за помош на најзагрозените семејства, кои најчесто се повеќечлени домаќинства и на кои секоја донација им е добродојдена”, рече Дејан Стојковски, претседател на Црвениот Крст на ОКТА.

Оваа донација е само еден од низата чекори кои ги презема ОКТА за обезбедување подобри животни услови и посигурна иднина за оние кои имаат потреба од помош.