Хуманитарно патување со велосипед од Лондон до Истанбул

27

vozi-velosiped-humanitarno

Хуманитарниот проект Заедно можеме (Zajedno možemo) е патување со велосипед од Лондон до Истанбул со цел да се соберат средства за помош на егзистенцијално загрозени семејства.

Идејата за ова хуманитарно патување, коешто ќе трае 30 дена, е на Хрвоје Јуриќ од Хрватска. Тој секојдневно треба да помине меѓу 100 и 140 километри, освен делниците низ Алпите, каде што дневно треба да помине од 60 до 90 километри.

Собраните средства, преку глобалната платформа за групно финансирање Indiegogo, се наменети за жени чии мажи се починати и немаат никакви примања во семејството.

Јуриќ смета дека е најдобро со собраните пари да се купат неопходни намирници за домот. Секое од овие семејства ќе добијат намирници во износ од околу 185 долари.

Целата кампања е предвидено да трае 30 дена (исто колку и патувањето од Лондон до Истанбул) и да се соберат околу 4.300 долари.