Hurawalhi – подводен луксузен ресорт на Малдивите

21

Hurawalhi_January_2016Едно од најпосакуваните места за туризам во светот Малдивите годинава ќе отвори уште еден луксузен ресорт, пишува Luxuo. Она што ќе го разликува Hurawalhi од останатите ќе биде најголемиот подводен ресторан во светот.

Ресортот ќе вклучува 90 вили и секоја од нив ќе зафаќа површина од 105 метри квадратни. Секоја од нив ќе има тропски декор, голема спална соба, мини бар, бесплатен интернет… а гостите ќе можат да изберат дали сакаат вила со инфинити базен или без, како и поглед на зајдисонце или изгрејсонце.

Ресортот ќе вклучува и играчница, часови по нуркање, спа центар, продавница за подароци, амбуланта и продавница за накит.

Hurawalhi14feb16Maldives-Hurawalhi-Villa-Interior-600x338ocean-pool-villa-5-1600x900091015_milaidhoo_5578091015_milaidhoo_5651hurawalhi-room-2-1600x900 Maldives-Hurawalhi-Ocean-Pool-600x338