HuskeeCup, еколошка шолја направена од лушпата на кафето

18

kafeАвстралиската компанија HuskeeTech создаде шолја за кафе направена од лушпата на кафето која се отфрла при процесот на мелење. HuskeeCup е еколошка чаша којашто подолго го одржува кафето топло. Според компанијата, на глобално ниво се преработуваат повеќе од 1,35 милиони тони отпад од лушпа на кафе, пишува Inhabitat.

Оваа чаша беше поставена на платформата за групно финансирање Kickstarter каде собра 91.000 долари за да започне со производство на чашата којашто може да се рециклира.

kage1

Ко – основачот на компанијата, Саксон Рајт, вели дека соочувајќи се со тони отпад настанат при производството си го поставил прашањето што може да направи со органскиот отпад што се фрла. По консултациите со индустриски дизајнери и инженери, Рајт сфатил дека лушпата има многу квалитети како што е способноста да ја задржува топлината. По изготвувањето на неколку прототипи создаден е HuskeeCup.

Дизајнирана е да трае со години, а шолјата е достапна во неколку големини и може да се мие во машина за садови.

Фото: Kickstarter