Husse: Достава на храна и целосна грижа за домашните миленици

65

husse kola

Шведската компанија Husse е позната по тоа што нуди храна и опрема за домашните миленици, а е препознатлива по тоа што се грижи и за нивното здравје, пишува порталот Franchising.

“Сметам дека е интересен начинот на којшто функционира компанијата Husse од Шведска. Покрај храна и опрема, компанијата нуди и целосен пристап за купувачот, а тоа е советување и грижа за домашните миленици и тоа до домот на сопственикот. Тоа е нешто сосема ново на пазарот“, вели Томислав Лушиќ, кој е сопственик на франшизата на Husse за Хрватска.

По истражување на тамошниот пазар, Лушиќ дојде до заклучок дека има голем број на семејства кои имаат домашни миленици, па од таа причина, преку франшизата, ќе им обезбеди комплетна услуга.

“Комбинирање на доставата и советувањето за исхраната на домашните миленици, ја позиционира Husse во сосема поинаков контекст во однос на конкуренцијата на пазарот. Ние не испорачуваме само храна, туку се грижиме домашниот миленик да биде задоволен и здрав, а со тоа и неговиот сопственик“, додава Лушиќ.

Тој очекува во следниот период Husse на хрватскиот пазар да прерасне во еден од водечките брендови за храна и опрема за домашни миленици.