Хванг: Европа мора да ја искористи вештачката интелигенција за индустриска трансформација

Европа мора да користи технологија на вештачка интелигенција за индустриска трансформација, изјави денес Јенсен Хванг, извршен директор на највредната компанија во светот, американска Нвидија, во интервју на Светскиот економски форум во Давос.

Пазарната вредност на Нвидија, компанијата што произведува најнапредни чипови со вештачка интелигенција, во еден момент достигна пет трилиони долари, а Хванг вели дека понатамошниот развој на оваа технологија допрва треба да дојде.

Според него, европските производители можат да ја комбинираат својата силна индустриска база со вештачката интелигенција и на тој начин да влезат во нова фаза на автоматизација и роботика.