Hyatt пронајде компјутерски вирус во 250 хотели во светот

22

hyatt

Американскиот хотелски бренд Hyatt објави дека во околу 250 хотели во 50 земји во светот бил направен неовластен пристап до податоците на платежните картички на гостите, пишува Wall Street Journal.

Завршената истрага покажала компјутерски вирус за неовластен пристап до податоците од платежните картички што се користеле во нивните хотели во период од 13-ти август до осми декември.

Хакерскиот софтвер најмногу ги напаѓал податоците од платежните картички што се користеле во хотелските ресторани.

На официјалната страница на Hyatt е поставена листа на земјите и хотелите што се засегнати од овој напад.