HYDAWAY – еколошко шише за вода што ја менува својата форма

79

Фото: Kickstarter

HYDAWAY е еколошко шише за долготрајна употреба, кое е направено од силикон и се собира за носење во џеб кога е празно.

Ова шише е редизајн на веќе постоечкото Hydaway шише, креирано во 2015-тата година.

Сега шишето е достапно во две димензии, односно модел од 500 мл. и од 850 мл. Кога е собрано шишето има дијаметар од само 4 сантиметри. Лесно се чисти и може да се мие и во машина и рачно. Исто така има вградено карбонски филтери кои го отстрануваат вкусот и мирисите од водата. Моментално е достапно во 9 бои и тоа: црвена, жолта, зелена, светло сина, минт, темно сина, виолетова, сива и црна.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Орегон, САД и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 17.364 долари, од потребните 20.000 долари, а кампањата трае уште 32 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во октомври годинава.