Hyperloop како дел од европската железничка мрежа

72

Седум водечки играчи во индустријата за hyperloop (Hardit, HyperloopTT, Nevomo, Swisspod Technologies, TransPod, Virgin Hyperloop i Zeleros) и организацијата European Rail Infrastructure Managers (ЕИМ) потпишаа договор за поддршка на интеграцијата на hyperloop и железнички системи, и да разменуваат информации и најдобри практики.

Благодарение на оваа соработка, членовите на ЕИМ и претставниците на компаниите ќе можат да учат едни од други и да ги идентификуваат потенцијалните двигатели на иновацијата.

Горм Фриманслунд, претседател на ЕИМ, изјави дека „hyperloop може да игра клучна улога во транзицијата кон одржлив, безбеден, интермодален транспорт во Европа, во согласност со принципите на Зелениот договор и Фондот за обновување на ЕУ“.

Компаниите, потписнички на овој Договор, веруваат дека „новата соработка со ЕИМ го отвора патот за подобра врска на двата начини на транспорт“, како hyperloop може да стане комплементарен транспортен екосистем, како во патничкиот, така и во товарниот превоз.

Европските менаџери за железничка инфраструктура (ЕИМ) е непрофитна, меѓународна асоцијација, со седиште во Брисел. Основана е во 2002 година, по либерализацијата на железничкиот пазар на ЕУ. ЕИМ ја поддржува работата на Агенцијата на Европската унија за железници (ЕРА) во различни работни групи и има место во Управниот одбор.