Hyundai и Саудиска Арабија потпишаа договор за соработка

58

Јужнокорејскиот гигант Hyundai Motor Group и Кралството Саудиска Арабија постигнаа договор за заеднички развој на автомобилската индустрија, објави Министерството за индустрија на Саудиска Арабија преку Твитер, пренесува Танјуг.
Двете страни потпишаа Меморандум за разбирање кој предвидува развој на автомобилската индустрија во Саудиска Арабија.

Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-Јол, се сретна со принцот престолонаследник на Саудиска Арабија, Мухамед бин Салман, во Сеул во ноември, додава агенцијата.

На средбата беше постигнат начелен договор за билатерална соработка во повеќе области од економијата, за инфраструктурни проекти и во енергетскиот сектор.