Фото: Pexels
Hyundai и Volkswagen случуваат партнерство со компанијата за самоуправувачка технологија, Aurora Innovation, коешто вклучува интегрирање на системи за автономно возење во нивните возила, пишува Engadget.
Корејската компанија ќе ја вклучи новата технологија во нивниот најнов автомобил со горивни ќелии, додека Volkswagen ќе ја искористи на голем број свои автомобили, камиони за испорака, комбиња и слично.
Aurora Innovation започна со работа минатата година, а компанијата е фокусирана на развој на самоуправувачки системи за возила коишто потоа можат да бидат лиценцирани од компании како Hyundai и Volkswagen.
Германскиот производител, којшто во последните шест месеци работи на интегрирање на оваа технологија во своите возила, планира да тестира десетици самоуправувачки возила до крајот на оваа година.
Volkswagen се надева дека до 2021 година таа бројка ќе стане трицифрена и дека два до пет градови ќе располагаат со овие возила. Hyundai, исто така, планира да има одредена бројка на самоуправувачки автомобили на пазарот до 2021 година.