Hyundai очекува рекордна заработка оваа година

38

Hyundai Motor Company очекува да оствари рекордна заработка оваа година благодарение на големата продажба на премиум модели како што се електричните автомобили и теренците.

На почетокот на неделата јужнокорејската компанија објави прогнози според кои растот за цела година ќе биде меѓу 19 и 20 отсто, наспроти проценките кои беа меѓу 13 и 14 отсто во јануари. Кога станува збор за оперативните профитни маржи за 2022 година, прогнозата е зголемена за еден процентен поен – меѓу 6,5 и 7,5 отсто, пишува Фајненшл тајмс.

Сепак, производителот на автомобили ја наведе високата инфлација, прекините на синџирот на снабдување и флуктуирачките цени на суровините како потенцијални пречки, иако се очекува глобалниот недостиг на чипови и други компоненти да се намали.

Hyundai, кој е рангиран меѓу петте најдобри производители на автомобили според продажбата, вклучително и Kia, рече дека продажбата на електрични автомобили во третиот квартал пораснала за 27 отсто на годишно ниво на 52.000 единици, што претставува пет отсто од вкупната продажба.